ЕМИСИИ НА СУПСТАНЦИ ШТО ПРЕДИЗВИКУВААТ КИСЕЛОСТ |
Индикаторот ги следи трендовите на емисиите од антропогени извори на супстанците што предизвикуваат киселост, односно процеси на закиселување во воздухот. Тоа се азотни оксиди, и сулфур диоксид, при што моќноста за предизвикување киселост на секоја од нив се мери според потенцијалот за закиселување.
Индикаторот, исто така, обезбедува информации за емисиите по сектори: производство и претворање на енергијата, патен и друг транспорт, индустрија (од процеси и енергија), фугитивни емисии, отпад, земјоделство и останати сектори.
- kt (еквивалент на закиселување)
Каков прогрес е направен во вкупната редукција на емисиите на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување на воздухот?
За споредба со 1990 година во 2020 година, вкупните емиси на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување се намалени за околу односно 56% (NOx). Додека во однос на (SOx) се намалени за 16%.
Во однос на тренд на намалување на емисиите NOx, максимална вредност на вкупни национални емисии на NOx е забележана во 1990 година и таа изнесува 45.5 kt. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 19.94 kt, што претставува историски најниска годишна вредност, а во однос на 2019 година се намалени за 13%.
Што се однесува до емисиите на SOxимаше скокво 2019 година, додека во 2020 година емисиите се намалени но не на нивото од 2018 година. Имено, во однос на 2019 год. кога вкупните емисии изнесуваа 115kt, емисиите на сулфурни оксиди се намалени до 93kt , заради намаленотоколичество на емитирани SOxизразени како SO2 од термоелектраната РЕК Битола.
Значителна редукција на SOx би се остварила по воведување на десулфуризација во најголемата инсталација за производство на електрична енергија РЕК Битола.
Азотните оксиди во периодот на известување се редуцирани за 56%, од кои најголем дел од секторот производство на енергија (за 82%), а понатамошна редукција во следните години се очекува од секторот сообраќај со обновување на возниот парк и подобрување на јавниот превоз, но и во иднина со воведување на построги гранични вредности за емисиите кои ги испуштаат големите согорувачки постројки и индустријата и градежништвото, од согорување на горива.
Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување на воздухот?
Во 2020 година вкупните национални емисии на супстанците кои предизвикуваат киселост изнесуваат 93.42 kt за SOx и 19.93kt за NOx. Клучен извор на емисија во вкупните национални емисии на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување на воздухот има секторот Производство и дистрибуција на енергија, кој учествува со 95% во вкупните емисии на SОx и 22% во вкупните емисии на NOx. Главен извор на NOx е секторот, Патен сообраќај со удел од 40%, а потоа следува 1.А.2 – Согорување од производни индустрии и градежништво со 27%. Kатегоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, кокмерцијален, админстративен) во вкупните емисии на азотни оксиди учествува со удел од 8%, додека останатите категории имаат помал или незначителен удел во вкупните емисии на азотни оксиди. KajSOxкатегоријата 1.А.2 – Согорување од производни индустрии и градежништво учествува со 3.6%.
На подолу дадениот графикон прикажан е годишен тренд на емисиите на загадувачките кои предизвикуваат закиселување за период 1990 до 2020 година.
Графикон 1. Тренд на емисии за азотни оксиди и сулфур диоксид
Може и во двата случаи да се забележи променлив тренд со опаѓачки карактер започнувајќи од 2012-2013 година.
Причините за намалувањето на NOxво последните години се должи, главно и првенствено на значително намалените емисии (82% за периодот 1990-2020) од NFRкатегоријатапроизводство и дистрибуција на енергија заради намалена работа на РЕК Осломеј и модернизација на котлите на РЕК Битола и намалената потрошувачка на јаглен и мазут. Заради стариот возен парк (околу 70% од автомобилите припаѓаат на ЕУРО класа 0-3) нема значителни редукции на емисија на оваа загадувачка супстанца од патниот сообраќај. Треба да се напомене дека заради расположливост на детални податоци за возниот парк, за периодот 2005-2020 година се применува методологија на пресметка на емисиите на ниво 3, додека за претходните години пресметките се вршени со примена на методологија на ниво 1. Поголем прогрес во редукција на емисиите на NOx се очекува со обновување на возниот парк, подобрување на јавниот превоз и зголемување на уделот на обновливи извори во производство на електрична енергија, потоа дефинирање на построги ГВЕ во ИСКЗ дозволата на РЕК Битола во која ќе бидат дадени активности за дополнително намалување на емисиите на азотни оксиди преку процес на модернизација на блокот 1 од термоелектраната, како и построги ГВЕ во ИСКЗ дозволите за согорување на горивата од индустријата.
Во период 2012-2018 започнува тренд на опаѓање на SOx заради намалена потрошувачка на јаглен и мазут во термоелектраните. Сепак, нема значителна редукција на оваа загадувачка супстанца споредбено со другите европски земји бидејќи во инсталациите за производство на електрична енергија не се спроведени најдобри достапни техники за редукција на сулфурните оксиди кои произлегуваат од употребата на јаглен со голема количина на сулфуркако и зголеменото количество мазут кое се користи првенствено од страна на РЕК Битола во последните две години, 2019 и 2020. Од друга страна, намалени се емисиите на SO2 од согорувањето на горивата во индустријата и административните капацитети што се должи на примената на мазут со содржина на сулфур до 1%. Сепак, оваа редукција нема значително намалување на вкупните емисии имајќи предвид дека уделот на емисии од инсталациите за производство на електрична енергија е клучен и во 2020 година и изнесува околу 95% . Во 2019 година, во споредба со 2018 година, следува речиси двојно зголемување на емисиите на SOx, кое од страна на РЕК Битола е објаснето со поголемо производство на електрична енергија, зголемена потрошувачка на нискокалоричен јаглен и мазут. Во 2020 година, споредено со 2019 година, емисиите на SOx се намалени за 18.5%, но се пак се многу поголеми во однос на 2017 година (54.8 kt) кога е историскиот минимум на вкупни емисии на сулфурни оксиди изразени како SO2.
За да се направи пак оценка уделите на различните сектори во целокупниот извештаен период, направена е пресметка на емисиите по NFR категории.
На следниот графикон се прикажани националните емисии пo NFR категории за период 1990-2020 од каде може да утврди уделот на изворите во целокупниот тренд. Со цел усогласеност со Инвентарот кој се доставува во Обединетите нации и ЕЕА, не се земени предвид другите сектори како природни извори кои не се вклучуваат во вкупните национални емисии.
Графикон 2. Вкупни емисии на SOx по сектори на годишно ниво
Секторот Производство и дистрибуција на енергија е клучен и доминантен извор во просек од 80-90 % во целиот извештаен период. Така, во 2020 година, речиси сите емисии на SOx потекнуваат од секторот Производство и дистрибуција на енергија (95%), додека околу 3.6% од вкупните национални емисии на SОx, потекнуваат од категоријата 1.A.2 Согорување на производни индустрии и градежништво.
На следниот графикон се прикажани националните емисии на втората загадувачка супстанца NOx, која предизвикува киселост пo NFRкатегории за период 1990-2020 годнина, од каде може да утврди уделот на изворите во целокупниот тренд.
Графикон 3. Вкупни емисии на NOx по сектори на годишно ниво
Имајќи предвид дека азотните оксиди се еден од производите при процесот на согорување на горивата, во целиот период 1990-2020 година во вкупните емисии на овие загадувачки супстанци изразени како азот диоксид најголем удел имаат три NFRкатегории, и тоа: 1.А.1 Производство на енергија, 1.А.2 Согорување во производни индустрии и градежништво и 1.А.3 Транспорт. Во 1990 година овие категории учествуваа во вкупните емисии на NOx со удели од 53%, 20% и 21%, соодветно, додека во 2020 година емисиите се намалени, а клучните категории учествуваат со 22%, 27% и 40% соодветно од секоја од наведените категории, споредено со 1990 година.
Во однос пак на постигнатите цели во 2020 година, SОx се под националните граници плафони дефинирани во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за количините на горните граници-плафоните, 1990 година за SOx (согласно Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди, а не е постигната целта од намалување на сулфурни оксиди за 30 проценти споредбено со 1980 година (вкупните емисии на SОx треба да изнесуваат 47 kt или помалку). Оваа цел ќе се оствари со воведувањето на десулфуризација во РЕК Битола. Заради фактот што ова мерка не е имлементирана не е постигнат националниот плафон за редукција на емисија на SOx. Воедно плафонот за емисии од големи согорувачки постројки опфатени со НПНЕ (Национален план за намалување на емисиите) за 2020 година за SOx е повторно надминат.
Од друга страна, NOx емисиите во 2020 година се во согласност со Гетеборшкиот протокол, во согласност со согласно Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување. Исто така, плафонот за емисии за NOx од големи согорувачки постројки опфатени со НПНЕ за 2020година не е надминат.
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологијата за пресметка на овој индикатор се базира на собирање и пресметка на податоци за емисиите на годишно ниво, на ниво на држава, на SO2, и NOx како вкупно, така и распределени по сектори, односно дејности.
Пресметките се во согласност со упатствата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето – UNECE/EMEPConventiononLong-RangeTransboundaryAtmosphericPollution (LRTAPConvention), како и употреба на SNAP – селективна номенклатура на аерозагадувањето. Во однос на овој индикатор, бидејќи треба да се изрази особината и потенцијалот на киселост, користени се фактори. Овие фактори изнесуваат за NOx 0.02174 и за SO2 0.03125. Резултатите се изразени во килотони еквивалент на киселост.
- Методолошка несигурност и несигурност на податоците
Употребата на факторите со потенцијал за закиселување (ацидификација) водат до одредена несигурност. Исто така, во Република Македонија само во енергетскиот сектор се користат национални емисини фактори добиени врз основа на мерења. Во однос на останатите сектори се користат стандарди емисиони фактори од Упатството на ЕМЕП/ЕЕА за инвентарот на загадувачки супстанци во воздухот. Се претпоставува дека факторите се репрезентативни за Европа во целина; на локално ниво, може да се проценуваат различни фактори. Опсежна дискусија за несигурноста на овие фактори може да се најде во deLeeuw (2002). Во однос на ратата на активност несигурноста произлегува од податоците кои се преземаат од Статистичкиот годишник и останати извори. За дефинирање на ратата на активност која не е барана форма се прават експертски естимации кои содржат несигурност.
- Извор за користената методологија
Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 година и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013 и http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на азотните и сулфурни оксиди зацртани се следните цели:
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на сулфурни оксиди зацртани се следните цели:
- Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
- како цел има редовна инвентаризација на сулфурни оксиди, изразени како SO2, и азотни оксиди изразени како NO2 во килотони на година за период 1990- n-2, каде n е тековната година.
- Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно нивово кој е транспонирана Директива 2001/81/ЕC,воведуваат:
- национална граница – плафон за емисиите на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид од 110 килотони
- национална граница- плафон за емисиите на азотни оксиди изразени како азот диоксид од 39 килотони
- Протокол за намалување на емисиите на сулфурни оксиди или на нивното прекугранично пренесување кој воведувацел:
- Намалување од најмалку за 30 проценти на националните емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид сметајќи од 1980 г.
- Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди, кој воведува цел:
- емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1990 година.
- Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување, кој воведува цел:
- емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1987 година.
- Согласно договорот со Енергетска заедница усвоен е Националниот план за намалување на емисиите (NERP) од LCP (Големи согорувачки постројки), ги воведува следните плафони:
- вкупниот плафон за SOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
– 15855тони за 2018-2023година.
– 12634тони за 2024 година.
– 9412 тони за 2025 година.
– 6191тони за 2026година.
– 6191тони за 2027 година.
- вкупниот плафон за NOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
– 15505 тони за 2018 година.
– 14088 тони за 2019 година.
– 12672 тони 2020 година.
– 11255 тони за 2021 година.
– 9838 тони за 2022 година.
– 8422 тони за 2023 година.
– 7674 тони за 2024 година.
– 6927 тони 2025 година.
– 6179 тони за 2026-2027 година.
- Обврските за известување кон меѓународни договори -Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
- Обврска за известување до Енергетската заедица согласно наведени национални плафони за NOx и SOx за период 2018-2027 година Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Тема | Воздух | Поврзаност со други теми/сектори | Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 001 | Временска покриеност | 1990-2020 |
Име на индикаторот | Емисии на супстанци што предизвикуваат ацидификација (закиселување) | Извор на податоци | Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, 1990-2019 година |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 20.06.2022 |
Тип | Б | Подготвено/ажурирано од: | Александра Н.Крстеска |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | A.Krsteska@moepp.gov.mk |
МК НИ 001 Емисии на супстанци што предизвикуваат ацидификација (закиселување)
|
EEA – Европска агенција за животна средина | IND-5-en Also known as: CSI 001 , APE 007 Emissions of acidifying substances |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | A1/1,2 – Emissions of pollutants into the atmospheric air | |
Каталог на индикатори за животна средина | 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution 9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added 11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted) |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |