Денес во Министерството за за животна средина и просторно планирање, беше извршено официјално примопредавање на должноста заменик министер за животна средина и просторно планирање.
Ане Лашкоска ја презема оваа функција од досегашната заменик министерка Христина Оџаклиеска.
Оџаклиеска и посака на Лашкоска добра и успешна работа на новата позиција и ја информираше за тековните и идни активности и приоритетните проекти на Министерството.
Лашкоска истакна дека во овој значаен сектор за граѓаните гледа простор за подобрување на состојбата со животната средина, привлекување и реализација на повеќе странски инвестиции од областа, како и интензивирање на прекуграничната соработка во регионот.