Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити одржа средба со амбасадорот на Италија во Северна Македонија Н.Е. Андреа Силвестри. На средбата, меѓу другото се разговараше за одржливиот развој и енергетската безбедност, при што министерот Меџити најави дека фокусот на животната средина и енергетскиот сектор наскоро ќе се материјализираат во конкретни проекти.
„Во меѓузависен свет, енергетската безбедност е витална и неопходна, затоа италијанската помош на ова поле е добредојдена“ истакна Меџити.
Меџити и Силвестри изразија взаемна волја и подготвеност за рестартирање на проектот за заштита на животната средина и коритото на реката Радика, што е важен ресурс на нашата држава, а се разговараше и за различни проекти во Куманово, за понатамошната фаза на зонирање на НП„ Маврово“ и поддршката за „ROMA EXPO 2030“ како за добра можност за промовирање на природните вредности.
Средба на Меџити со италијанскиот амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри
јули 11, 2024