Министерката Шукова, заедно со министерката Тренчевска, постојаната координаторка на ОН Дуџијак и раководителка на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции, Божиновска Петрушевска го одбележаа Меѓународниот ден на мигрантите.
„Климатските промени влијаат на сите нас, во различни размери, но онаму каде што влијанијата се веќе секојдневна реалност за заедниците, оценката на ранливоста, креирање и преземање на мерки за адаптација, градењето паметни решенија за отпорност и обезбедување предвидливи ресурси се клучни за зајакнување на отпорноста на луѓето кон климатските промени и избегнување на раселувањето.
Од друга страна, мерките за адаптација треба да ја вклучуваат и да ја олеснуваат и безбедната, редовната и уредната миграција за заштита на луѓето, средствата за живот и екосистемите како наша заедничка одговорност“ истакна министерката Шукова во поздравното обраќање, осврнувајќи се на на климатските промени како рапидно растечки двигател на човечката мобилност.
При тоа Шукова потенцираше дека градењето на отпорност на земјата, како и на нејзините граѓани ранливи на влијанијата од климатските промени е заеднички приоритет и креираните климатски политики опфаќаат конкретни инклузивни мерки со кои се поддржуваат процесите на праведна транзиција и се олеснува пристапот до одржливи и предвидливи финансии на сите, посебно на најранливите категории.