Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот ФРЕШ ФАРМ ДОО од Скопје достави Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: Изградба на земјоделски објекти за интензивно живинарство во КО Мршевци, општина Илинден. Истата е достапна на веб страницата на Министрството на следниот линк: https://rb.gy/eqfeuj
Јавнатa расправa по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на земјоделски објекти за интензивно живинарство во КО Мршевци, општина Илинден ке се одржи на 21 декември 2023 година (четврток), во зградата на Домот на култура во о. Илинден со почеток во 12.00 часот.
Контакт лица:
Инвеститор ФРЕШ ФАРМ ДОО од Скопје
е-маил: info@freshfarm.com.mk
тел: 071 971 110
Александар Петковски – Помошник раководител на Сектор за животна средина
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
тел: 076455460;
е-маил: a.petkovski@moepp.gov.mk