Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, д-р Борис Тунџев, денес, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции, во областа на геодетско– катастарскиот информациски систем, националната инфраструктура на просторни податоци и националниот информативен систем за животна средина, како и размена на знаење и искуства и меѓусебна техничка поддршка.
Агенцијата за катастар на недвижности ќе обезбеди обуки за вработените на Министерството за животна средина и просторно планирање за пристап и користење на сервисите што истата ги нуди.
Соработката помеѓу двете институции ќе овозможи заедничко учество и претставување на локално, регионално и меѓународно ниво.