ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАПНОСТ НА НАЦРТ ТЕКСТ НА ЗАКОН ЗА просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека изработи работна верзија на Законот за просторно планирање која е достапна на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање. По завршениот консултативен процес Нацрт законот ќе биде достапен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (ЕНЕР) за понатамошни коментари. Информацијата за денот и часот на одржување на јавната расправа за засегнатите страни дополнително ќе биде објавена на порталот и на веб страната на Министерството.

Со донесување на овој закон се уредуваат условите и системот на просторно планирање, видовите просторна планска докуметација, постапката за изработување и донесување на истата спроведување и следењето на состојбите во просторот и работата на системот за просторни информации како други прашања од областа на просторното планирање. Законот ќе се заснова врз принципите на начелата на уставност, законитост, транспарентност и ефикасност.