МЖСПП: Стартува дигитална кампањата ТОПЛИ ПРЕПОРКИ за топол дом во зимскиот период, почист воздух и подобро здравје

logo_topli_preporaki

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската амбасада и Шведската агенција за заштита на природата, денес, ја започнуваат дигиталната кампања за подобрување на квалитетот на амбенталниот воздух насловена „Топли препораки“.

Истражувањата покажуваат дека согорувањето на биомасата (дрвата) за затоплување на домаќинствата учествуваат со 45% во националните емисии на ПМ 10 и 68% во ПМ 2,5 честичките во амбиенталниот воздух, а очекувано е голем број на домаќинства и оваа зима да се затоплуваат користејќи дрва како огревен материјал. Од таа причина, првиот дел од дигиталната кампања го посветуваме на споделување на добри практики при користење на дрвото за затоплување на домовите и укажување на важноста тоа да се прави на правилен начин, внимаваќи на правилен избор на огревниот материјал, правилно чистење и одржување на грејните тела и оџаците и на правилно ракување со огревниот материјал при горењето.

Заследете ги нашите „ТОПЛИ ПРЕПОРАКИ“ на фејбук страницата и на инстаграм профилот , и споделете ги со семејството и пријателите.

#ТоплиПрепораки