Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денес, во Берово, беше во посета на средното општинско училиште „ „Ацо Русковски“, каде беа прогласени најдобрите иновативни истражувачки проекти кои ги изработија учесниците на „44-та Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеи, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво – МАКИНОВА 2023“ и „21- вата Меѓународна изложба за еколошки иновации и истражувачки проекти, ЕКОНОВА 2023“.
Во името на Министерството за животна средина и просторно планирање, заменик министерката Оџаклиеска ги додели следните награди:
1. Златна плакета за основни училишта
2. Златна плакета за средни училишта
3. Златна плакета за возрасни
4.Златна плакета за фирми
– Мораме да создадеме опкружување каде децата и младите ќе можат да ја ослободат својата креативност, да ги остварат нивните визии, да ги натераме да веруваат во себе и да ги убедиме дека сè е можно доколку ја разбираат и сакаат животната средина. Ние сме одговорните кои треба да ги поттикнеме и да им дадеме простор на младите да го остварат она што го замислуваат , да ја поттикнеме нивнат креативност и иновативност, бидејќи тие се нашата сила, нашата иднина и најголемите носители на промените – истакна во таа прилика заменик министерката Оџаклиеска, додавајќи дека Министерството за животна средина и просторно планирање ги поддржувало и секогаш ќе поддржува вакви активности.
Настанот е во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а им овозможува на младите иноватори да разменуваат искуства и да ги презентираат своите пронајдоци и научни истражувања.