МЖСПП: Инфо ден за Програмата LIFE за заштита на животната средина и климатски активности, јавноста информирана за пристапот до средствата

– Горди сме што први во регонот од кандидати и потенцијални кандидати го потпишавме Договорот за учество во Програмата на Европската Унија „Живот“ (LIFE), што ќе ни обезбеди отворање на нови можности за аплицирање за проекти со кои ќе се унапреди животна средина и ќе се придонесе кон борбата против климатските промени. Се очекува активностите што ги поддржува оваа Програма да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и да ја намалат ранливоста од штетните влијанија на климатските промени. Истите ќе го обноват и подобрат квалитетот на животната средина, вклучително воздухот, водата и почвата и ќе влијаат на намалување на загубата на биолошката разновидност и деградација на природата – истакна министерката Шукова на првиот инфо ден за Програмата LIFE што денес се одржа во просториите на Секретаријатот за европски прашања.

LIFE_Programa

Програмата LIFE е единствената ЕУ програма посветена конкретно на активностите за животната средина и клима и финансиски инструмент на ЕУ што има клучна улога во поддршката на спроведувањето на законодавството и политиките на Унијата во тие области. Со тоа цели да ја олесни транзицијата кон одржлива, циркуларна, енергетски ефикасна и климатски отпорна економија, заснована на обновливи извори на енергија.LIFE_Programa_1

Договорот за учество на нашата држава во оваа Програма се потпиша во јули 2023 година, со временска рамка од 2023 година до 2027 година, а за учество во дадената временска рамка, МЖСПП обезбеди соодветна финансиска контрибуција за користење на оваа програма за секоја година.LIFE_Programa_2

Инфо денот за Програмата LIFE, овозможи размена на искуства и добри практики и иницирање на партнерства и активности за справување со некои од најургентните еколошки закани познати под терминот „тројна планетарна криза“, а беа објаснети и правилата за апликација за ЕУ LIFE проектите.

.