Индустрискиот органски отпад, суровина со голем потенцијал за добивање на енергија

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и министерот Љупчо Николов остварија работен состанок со претседателот на Асоцијацијата на биогасни централи, Никола Дереванов, претставниците на ИМЕ проектот на Швајцарска амбасада и претставниците од Стопанската комора на Македонија, кои се интересираа за законските обврски за управување со индустрискиот органски отпад во државата.

9Министерката Шукова информираше дека тоа прашaње е јасно регулирано во законската регулатива и дека обврска на индустријата е да управува соодветно со индустрискиот отпад.

3При тоа, претставниците на Асоцијацијата ги претставија своите размислувања како за ваков тип на отпад, што во моментов е сериозна закана за животната средина,бидејќи не се управува согласно законот, може да биде корисна суровина со голем потенцијал за добивање на енергија.

6Од таа причина неговото искористување претставува исклучителна можности за повеќекратен бенефит за сите засегнати страни, а воедно се намалуваат и емисиите на стакленички гасови со што се влијае на намалување на климатски промени.

5