ШУКОВА: Охридскиот Регион останува на листата на УНЕСКО

  „Благодарни сме што Комитетот ги призна напорите направени од Северна Македонија и затоа ни го обезбеди потребното време да продолжиме да правиме значајни чекори кон заштитата, зачувувањето и одржливото управување со Охридскиот Регион. Работејќи заедно со Република Албанија, ние сме решени да го направиме управувањето со оваа локација пример за соработка, да го обезбедиме интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион и да го пренесеме на следните генерации. Заштитата на природата и биодиверзитетот остануваат наша цел, како што е донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природата и нов Закон за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III – Споменик на природата. Остануваме посветени на спроведување на препораките на УНЕСКО за зачувување на ова глобално богатство кое ни припаѓа на сите нас”- порача министерката Шукова од Ријад, Кралство на Саудиска Арабија каде  се одржува 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и на која се потрврди дека Охридскиот регион останува на листата на светското наследство.

1 Мaкедонската дeлегација беше предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, а покрај министерката Шукова, нејзини членови беа и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов.

2Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во своето обраќање за време на сесијата истакна дека останува престижниот статус на Охридскиот Регион, но остануваат и препораките за негово зачувување.

3“Препораките не се лесни и нивното реализирање бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – и централната власт и локалната самоуправа и установите и граѓаните. Впрочем, обврските се точно адресирани. Многу работи од препораките ги имаме почнато, но останува нивната целосна реализација”- додаде таа.

4За време на престојот во Ријад, македонската делегација оствари средба со генералниот секретар на Националната комисија за образование, наука и култура на УНЕСКО при Министерството за култура на Кралството Саудиска Арабија, Ахмед Алблихед, на која се разговараше за развивање на сорботката меѓу двете држави.

5Во разговорите беше потенцирана  важноста на меѓународниот дијалог за културната дипломатија и посветеноста за зачувувањето на културата и природното наследството за генерациите што доаѓаат и во рамките на соработката со нашиот заеднички партнер, УНЕСКО.

6Исто така, заеднички беше ставот дека е потребна поголема меѓународна соработка и колективно градење капацитети  и посветеност кон реализација и на „зелената агенда“ за да се постигне заедничка визија за глобален одржлив развој.

7