Со свеченост по повод 18-август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, денеска, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, беа одбележани 31 година од нејзиното формирање.
Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, како член на владината делегација, присуствуваше на настанот на кој беа промовирани сите унапредени офицери до чин потполковник и сите наградени и пофалени службеници во одбраната и припадници на Армијата, а беа претставени и штотуку добиените лесни оклопни возила и други современи средства со кои располага Армијата.
На свеченоста, свои обраќања покрај министерката за одбрана Славјанка Петровска, имаа и Претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски и Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, а присуствуваа претставници од дипломатскиот кор акредитиран во нашата земја и бројни други гости.