Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири одржа работна средба со амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Р. Македонија, Стефано Лазарото. На средбата се дискутираше за прогресот во реализацијата на тековните проекти “Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија финансиран од швајцарската влада, грчката влада и домашно кофинансирање во висина од 9.600.000 евра како и за активностите поврзани со реализацијата на проектот за управување со речниот слив на р. Брегалница во вкупна вредност 5.270.000 швајцарски франци донација од швајцарската влада и домашна контрибуција. Исто така се разменија мислења и околу текот на проектот третман на отпадните води во Кочани чија вредност е 23.000.000 швјцарски франци како и за проектот “Програмата за зачувување на природата во Македонија”, наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион во вкупна вредност од 4.839.551 швајцарски франци.
Покрај другото се разговараше и за можноста за отпочнување на нов проект “Изградба на водоснабдителен систем со филтер станица и изградба на колекторски систем со пречистителна станицаза општина Делчево”.