Состанок на Министерката Шукова со сопственикот на компанијата Гигаџул.
Денес, министерката Шукова оствари работна средба со сопственикот на компанијата Гигаџул, на која беше претставено портфолиото на компанијата, со посебен акцент на она што се однесува на областа на управување со различни видови отпад.
На состанокот, Министерката информираше за тековните активности на Министерството во оваа сфера и идните предизвици во однос на реализирање на обврските од сложеното законодавство на ЕУ и националниот одговор на истото.
Заеднички се констатира дека единствено преку партнерство е можна реализација на таргетите кои произлегуваат од националното и законодавството на ЕУ особено во делот на постапување со посебните текови на отпадот, како и дека транспарентноста во пристапот и навременото информирање на граѓаните е клучно во овие процеси, затоа што е потребна промена на перцепцијата и третирање на отпадот како ресурс.