Врз основа на Закон за заштита на природата и Закон за животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“, на 22 јуни 2023 год.организираат Јавни расправиза заинтересираната јавност по двата документа. Јавните расправи ќе се одржат во два града од Источниот регион и тоа:
- во Берово во просториите на повеќенаменскиот центар т.н „Бизнис инкубатор„ со почеток од 11.00 часот, и
- во Пехчево во просториите на Дом на културата “Јане Сандански” со почеток од 16:00 часот.
Нацрт план за управување со ЗП „Малешево“ за периодот 2023 – 2032 е достапен за увидна веб страницата на Министерството налинкот:
Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со заштитен предел Малешево за период од 2023-2032 е објавена на линкот:
Вашите забелешки или предлози може да гидоставите на јавните расправи или во рок од 10 дена од одржувањето на истите, анајдоцна до 3 јули 2023 год. на следните контакт адреси:
ЈП „Национални шуми“, Булевар „Св. КлиментОхридски“ бр.68 (Европски универзитет) Скопје, е-маил komunikacii@mkdsumi.com.mk, и копија до Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад ПресветаБогородица бр.3 Скопје, е-маилinfoeko@moepp.gov.mk