Во интерес на подобра комуникација, плодотворна и ефикасна соработка со невладиниот сектор Министерството за животна средина и просторно планирање ги ажурира податоците и изработува Регистар на здруженијата на граѓани и фондации во Република Северна Македонија кои работат на полето на заштитата на животната средина и природата со посебен акцент на областа на интерес и делување.
За таа цел здруженијата на граѓани и фондациите што сакаат да бидат дел од Регистарот потребно е да го пополнат образецот за регистрација, особено графата за Област на делување.
Пополнетиот образец испратете го до Канцеларијата за комуникација со јавност на Министерството за животна средина и просторно планирање на е-маил адреса skj.mzspp@gmail.com и infoeko@moepp.gov.mk, најдоцна до 26.06.2023 година.
Контакт:
Дијана Соколовска 076 / 233 – 020
Снежана Ѓорѓиева 070 / 243 – 123