Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со швајцарската амбасадорка Вероник Улман на која разговараа за актуелни прашања поврзани со заедничките проекти.
Швајцарија е една од поголемите поддржувачи на нашата држава во делот на заштита на животната средина и природата. Стана збор за две теми. Се разговараше за дополнителните средства што ги додели Швајцарија и најавените средства од МЖСПП за целосно имплементирање на големиот повеќегодишен проект за подобрено водоснабдување на Делчево.
Исто така се отвори дискусија за предизвиците со кои се соочува регионалното јавно претпријатие Русино во обезбедување на ефикасно управување со регионалниот систем и со депонијата во Русино. Како приоритет се спомена потребата од воспоставување на одржливо финансирање на регионалниот систем за управување со отпад и депонијата што бара зголемена наплата на сметките за услугите за собирање и депонирање на отпад за да може да системот соодветно да функционира.
Оваа одговорност e на секој жител во државата, а одговорноста за функционирањето на веќе воспоставената инфраструктура е одговорност не само кон самите себе, туку и кон донаторите што ги вложиле средствата собрани од граѓаните од нивните држави.