Со цел да се изнајде конкретно решение за надминување на проблемот со наплата на ненаплатените побарувања кон јавните претпријатија за комунални дејности, корисниции на вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица, претставници од Министерството за животна средина и просторно плaнирање одржаа состанок со градоначалниците и директорите на јавните комунални претпријатија од засегнатите општини, како и со директорката на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“.
На состанокот, Министерството за животна средина ги задолжи општините Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Крушево и Кривогаштани, кои се снабдуваат со вода од овој хидросистем, да достават кратка информација за состојбата со наплатата и нивно видување за можните решенија за надминување на овој проблем.
Состанокот го отвори министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова.