Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работна средба со претставници од невладиното здружение Движењето на Екологистите на Македонија – ДЕМ.
Во текот на состанокот, претставниците од невладиното здружение информираа за успешните реализирани проекти од областа заштита на животната средина, одржлив развој и заштита на природата, како и подигање на јавната свест за еколошките проблеми со кои секојдневно се соочуваме.
Министерката Шукова изрази задоволство што постои обострана добра волја за интензивирање на соработката помеѓу МЖСПП и ДЕМ со цел овозможување одржлив раст, зачувување, заштита и унапредување на квалитетот на животната средина и квалитетот на животот на луѓето.