Министерот Нуредини одржа работна средба со градоначалникот на општина Боговиње Бесник Емшиу. На средбата се разговараше за потребните подготвителни активности за спроведување на проектот за реконструкција и рехабилитација на водоводната мрежа во село Палчиште, како и за потребната поддршка за ревидирање и докомплетирање на проектна документација за изградба на канализациони мрежи за отпадни води во н.м. Пирок и н.м. Палчиште. Исто така, се разговараше и за напредокот на градежните работи на тековниот проект за изградба на систем за одведување на комунални отпадни води во н.м. Боговиње и н.м. Камењане, за кој МЖСПП обезбеди финансиска поддршка.
Средба со градоначалникот на општина Боговиње
февруари 03, 2022