ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ

Ве известуваме дека министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири ќе присуствува и ќе се обрати на конференцијата на тема: „Управување со пакување и отпад од пакување – Како до исполнување на националните цели?“ која на 05.12.2014 година (петок), со почеток во 11:30 часот ќе се одржи во просториите на Стопанска комора на Македонија (сала 4 на петти кат).

Конференцијата има за цел да ги идентификува состојбите, проблемите и предизвиците, како и да предложи мерки за сите чинители во процесот на управување со отпад од пакување со цел зголемување на стапките на рециклирање на отпад од пакување и достигнување на националните цели до 2020 година.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.