Министерот за животна средина и просторно планирање Насерт Нуредини оствари работен состанок со градоначалникот наТетово БилалКасами на кој дискутираа за реализација на на капиталниот инфраструктурен ИПА проект за изградба на колекторски систем и секундарна канализациона мрежа како и пречистителна станица за отпадни води за агломерацијата Тетово. Фокусот на разговорот беше на обврските што ги имаат корисниците на проектот, МЖСПП, општина Тетото и ЈКП Тетово, како и за потребата секој од своја страна што поскоро да пристапи кон завршување на обврските како подготвителни активности за отпочнување на реализација на проектот.
За овој проект, во рамки на ИПА 1, веќе е изработена техничката и тендерската докумантација, а самата изградба е планирана во рамки на ИПА 2 програмата и се очекува да започне до крајот на 2022 година.