Согласно новите законски измени во Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/21) кои се однесуваат на член 47 став (15) и член 143 став (4), Ве информираме дека Управителите со отпад кои положиле испит зауправител со отпад согласно со Законот за управувањесо отпадот („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008,143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15,146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20), во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон, се должни да достават барање за регистрација во Листата.
Образецот на Барањето може да го симнете на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање и пополнето да го доставите до Министерството, со цел да направиме упис во Регистарот на управители со отпад.
Напоменуваме дека управителите кои имаат уверенија, односно потврди издадени пред 2017 година, покрај пополнетото барање мораат да достават и нотарски заверена копија од потврдите, имајќи ја предвид временската дистанца на периодот од кога се стекнале со оваа потврда. За сите управители со отпад чии уверенија се издадени од 2017 година до денес, потребна е само достава на пополнето барање.
Административна такса за барање за упис во регистар за управување со отпад е 50 ден.
УПЛАТНИЦАТА ДА СЕ УПЛАТИ НА:
– Назив на примачот Трезор на РСМ
– Цел на дознака Административна такса за барање
– Банка на примачот Народна банка на РСМ
– сметка 100000000063095
– уплатна сметка 840 182 03161*
– Приходна шифра и програма 722313 00 и начин 2
*Забелешка: Трите броја што се со друга боја се менуват во зависност од општината во која се уплаќа
Ви благодариме на соработката,
Министерството за животна средина и просторно планирање