Министерот Нуредини, се обрати на енергетскиот ден од програмата на претседавачот со #COP26, Обединетото Кралство, посветен на Алијансата за напуштање на јагленот (Power Post Coal Alliance) чија членка е и Република Северна Македонија. Во пленарната сала, со свои излагања настапија министри, како и извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика и специјалниот советник за клима при ОН, со цел забрзување на глобалното напуштање на производството на енергија од јаглен и праведна транзиција.
Презентирајќи ги националните амбиции трасирани во Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз, министерот Нуредини рече:
– Имајќи предвид дека нашата амбиција во НДЦ-то поделена по сектори е еднаква на намалување од 66% од емиисите во енергетскиот сектор до 2030, се чини дека климатскиот предизвик во голема мера, во суштина е предизвик за чиста енергија.
Министерот Нуредини, ги презентираше напорите да го диверзифицираме нашиот енергетски микс со инвестирање во обновливи извори на енергија, меѓутоа ја истакна и потребата за поддршка од развиените земји во рамките на вакви партнерства за остварување на успешна и праведна транзиција на земјите како нашата.
*На Климатскиот самит на ОН COP26 во Глазгов, најавени се 27 нови членки на Алијансата за напуштање на јагнот (PPCA), со што вкупното членство на PPCA се зголеми на 164 земји, градови, региони и бизниси кои преземаат решителни активности за да ги исполнат своите домашните обврски за постепено укинување и соработка за да се забрза глобалната транзиција од јаглен кон чиста енергија.Во Алијансата се приклучуваат и 11 финансиски институции, со што вкупниот број е 33 финансиски членки со средства над 17 трилиони американски долари, а ангажманот на PPCA со земјите зависни од јаглен дополнително се зајакнува преку дополнителни членки на локалната влада и комуналните претпријатија, како и ново партнерство со Климатските инвестициски фондови.