Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова го водеше вториот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), а учествуваше и на воведната работилница за капитализација на резултатите од Програмата, што денес се одржаа во Берово.
Цел на работилницата беше да се подготви временска рамка за ПЗП и да се споделат клучните активности, достигнувања и предизвици, како и надворешните настани кои влијаеле на Програмата.
На настанот присуствуваа и партнерите на Програмата за зачувување на природата во С. Македонија кои беа активно вклучени во реализацијата на двете завршени фази и излезната фаза од проектот, како и претставници од донаторот, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Програмата за зачувување на природата во С. Македонија е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион. Програмата поддржува и интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто.