Во пресрет на климатскиот самит #COP26 што следната недела ќе се одржува во Глазгов, министерот Нуредини одржа работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.
На средбата се разменија информации за позициите на нашата држава во пресрет на климатскиот самит, како и за иницијативите што ги предлага Владата на Обединетото Кралство во насока на исполнување на глобалната цел од Договорот од Париз. Во оваа прилика, министерот Нуредини го врачи писмото на поддршка на глобалната иницијатива на ОК за транзиција од јаглен кон чиста енергија.