Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска одржа работен состанок со претставници од студискиот тим на Јапонска агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency). Целта на состанокот беше запознавање со основните цели на Проектот за собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Eзеро во Република Северна Македонија и претставување на обемот на активности во рамки на експертската мисија.
Покрај Министерството за животна средина и просторно планирање, во овој процес активно ќе бидат вклучени и општина Охрид, општина Струга, ЈП Колекторски системи Скопје, ЈП Водовод Охрид, ЈП Нискоградба Охрид и ЈП Водовод и Канализација Струга.
По завршување на експертската мисија, ќе биде подготвен извештај кој ќе ги посочи потребни мерки за подобрување на квалитетот на водите на Охридското езеро, како и мерките за подобрување на оперативните капацитети на системите за собирање и третман на отпадните води.