Во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Македонското еколошко друштво се одржа планинарската тура „По стапките на заборавените“ во која учествуваше и државниот секретар на МЖСПП, Kаја Шукова.
Планинарската тура опфати претставување на потребите и можностите за заштита на природното богатство низ прошетка и разгледување на неколку локации на преубавата Јабланица во процесот за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје. На настанот се презентираа и првичните резултати од истражувањето, а оваа планинарска тура имаше за цел да ги претстави локалните заложби за одржлив развој преку потенцирање на потребата од заштита на уникатната и ретка природа на планината Јабланица, како и да го зајакне дијалогот и соработката помеѓу сите засегнати страни.
Државиниот секретар Каја Шукова ја потенцираше подршката и потребата од спроведување на процесот за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје, а особено ја потенцираше важноста на вклученоста на сите инволвирани страни, особено на општините Вевчани и Струга.