Државниот секретар при МЖСПП учествуваше на 93-тиотот состанок на Управниот Одбор на ЕЕА

Државниот секретар при МЖСПП учествуваше на 93-тиотот состанок на Управниот ОдборДенес се одржа 93-тиот состанок на Управниот Одбор на Европската Агенција за животна средина (ЕЕА), на кој учествуваше државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно плнирање Каја Шукова. Учеството на овој состанок со статус на набљудувач, ЕЕА го овозможува за земјите од Западен Балкан со цел активно следење на процесите на носење одлуки на највисоко ниво во ЕЕА и поради интересот за активно учество на земјите од Западен Балкан во работата на Агенцијата.

 
Државниот секретар Каја Шукова за време на состанокот, укажа на потребите од континуирано јакнење на институтионалните капацитети, за усогласување кон стандардите на ЕУ за моноторинг, известување и заштита на животната средина и се заблагодари за поддршката на ЕЕА и заедничките успеси во долгогодишната соработка.

 
На овој состанок се донесоа и одлуки за унапредување и модернизација на националните мрежи на експерти кои соработуваат со ЕЕА, а Шукова формално изрази поддршка на овие процеси и новости во рамки на соработката со ЕЕА.