Обуката за прекршоци од областа на животната средина наменета за вработени во општините во делот на животната средина, која вчера се одржа онлајн, ја отвори заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска.
Обуката беше посветена на прекршочните постапки и поднесување на барања за поведување на прекршочни постапки првенствено до Прекршочната Комисија при Министерството и надлежностите што ги имаат општините, односно овластените инспектори за животна средина согласно законите од областа на животната средина. Бидејќи Прекршочна Комисија и Комисијата за спогодување постапуваат по барања за поведување на прекршочни постапки и постапки за спогодување поднесени од страна на државните инспектори за животна средина и овластените инспектори за животна средина од суштинско значење е воспоствување на тесна соработка и координација на институциите на централно и локално ниво.
– Нашата институција останува отворена за соработка и помош за разрешување на евентуални дилеми при спроведување на постапките како и поддршка за постигнување на заедничката цел, а тоа е заштитата на животната средина. Сметам дека овие настани се од исклучителна важност за подобра комуникација во насока на ефикасна и ефективна заштита на медиумите и областите во животната средина – истакна заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска
Обуката ја следеа државни инспектори за животна средина, овластени инспектори за животна средина и други претставници на Единиците на локална самоуправа.