ПОКАНА за on line Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање  во соработка со општинa Охрид, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.

Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 14.09.2021  (вторник), со почеток во 11:00 – 13:30  часот. 

Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население ќе се врши ре-продукција во живо на јавната расправа во Општина Охрид. Локалното население ќе може да ја следи и учествува во јавната расправа преку видео бим кој ќе биде поставен во големата општинска сала во Општина Охрид. На ова локација ќе бидат почитувани КОВИД мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија.

Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mkнајкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите најдоцна до 13.09.2021 г (понеделник) на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.

 

Дневен ред

14  Септември, 2021 година

ЗООМ Платформа

Join Zoom Meeting

https://us06web.zoom.us/j/88063097461?pwd=dXRvY2tOVFM2VllBbTlMUDRnYXh4QT09

Meeting ID: 880 6309 7461

Passcode: 706423

  11:00- 11:15 Отварање на јавната расправа

Модератор

11:15-11:25 Обраќање на претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
11:25:11:35 Обраќање на Градоначалник на Општина Охрид
      11:35:12:00 Природни вредности, категорија на заштита, предлог граници и предлог зони на Парк на природа – Студенчишко Блато
Преставник од Друштво за еколошки консалтинг Деконс-Ема, Скопје и експертски тим, изготвувач на Студија за валоризација на Студенчишко Блато (2020)
12:00-12:20
Постапка за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје и Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата 
Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
12:20- 13:20 Дискусија
13:20-13:30 Затварање на јавната расправа

Модератор