Министерството за животна средина и просторно планирање информира, согласно информациите добиени од Државниот инспекторат за животна средина утврдени при вонредниот надзор во кругот на ОХИС, каде вчера избувна пожар, дека станува збор за опожарена сува трева до малата депонија со линдан, но и на дел од поранешна административна зграда.
Пожарот е локализиран, а дополнителна опасност по животната средина и здравјето на луѓето од запалување на линданот или други опасни материи не постои од причина што во кругот на ОХИС нема веќе складиран опасен хемиски отпад, а линданот е на безбедно, покриен е со глина и земја.