Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, вчера, имаше работна средба со лидерот на програмата на Светска Банка од Виена, Сајмон Елиси експерти од Светска Банка, на која беа презентирани активностите што Министерството за животна средина и Владата на РСМ ги преземаат во врска со подобрување на квалитетот на воздухот во нашата држава.
– Аерозагадувањето сè уште е причина за сериозна загриженост бидејќи измерените вредности на одредени параметри ги надминуваат максимално дозволените гранични вредности, особено во зимскиот период. Затоа, нашата земја презема активности за подобрување на квалитетот на воздухот и спроведување мерки на национално ниво, но и преку билатерални и ЕУ проекти – истакна заменик министерката Оџаклиеска.
На состанокот се дискутираше и за тековните и планираните проекти на Министерството во врска со квалитетот на воздухот, за потребата од проширување и зајакнување на мрежата за следење на квалитетот на воздухот, за надградба на регионалните лаборатории, како и за зајакнување на институционалните капацитети.
Воедно, заменик министерката Оџаклиеска изрази благодарност до Светската банка за досегашната поддршка во областа на управување со квалитетот на воздухот, додавајќи дека тоа претставува добра основа за натамошно јакнење на соработката.