Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот “Автопат А2 – Гостивар – Кичево, делница Букојчани – Кичево “

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Јавно претпријатие за државни патишта од Скопје ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: “Автопат А2 – Гостивар – Кичево, делница Букојчани – Кичево” и истата е достапна за увид .

Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектотке се одржат на 23 јули 2021 година (петок), во сала на Совет во општина Кичево со почеток во 10.00 часот.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирањеwww.moepp.com.mk, и во канцелариите на општинаKичево.

Ве молиме почитувајте ги мерките за безбедност согласно КОВИД 19 протоколите, за престој во затворени простории.

 Контакт:

Министерство за животна средина и просторно планирање

infoeko@moepp.gov.mk ,

по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица

бр.3, 1000 Скопје.

Јавно претпријатие за државни патишта

Јоже Јовановски

ул. “Даме Груев“ бр.14, 1000 Скопје;

моб. тел:078 242 319

е-mail:j.jovanovski@roads.org.mk