Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по нацрт Законот за инспекциски надзор во животната средина која ќе се одржи на 14 јули 2021г. (среда), во 10:00 часот во Клуб на Пратеници.
Нацрт Законот за инспекциски надзор е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk),
Заради соодветно организирање на јавната расправа и преземање на сите неопходни мерки за заштита од COVID – 19, потребно е дa го најавите Вашето учество најдоцна до 12 јули 2021г.(понеделник) на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.