Министерот Нуредини заедно до заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и градоначалникот на Боговиње Албон Џемаили направи обиколка на изведбените работи за изградба и реконструкција на водоводниот систем во село Камењане, проект на Министерството за транспорт и врски. При тоа, Нуредини најави дека во скоро време ќе започне и изградба на канализационата мрежа, за што се обезбедени финансиски средства од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно плнирање за 2021 година. Со овие два проекта уште едно н.м. во општина Боговиње ќе ја добие основната инфраструктурна мрежа.
Министерот Нуредини истакна дека соработката на централната и локалната власт е неопходна за успешна реализација на вакви суштински проекти и изрази подготвеност во наредните месеци да се продолжи и во другите општини, бидејќи чиста вода за пиење и одведување на отпадните комунални води се од основно значење за квалитетен живот и за зачувување на животната средина.