Известување за изработка на Нацрт – Закон за инспекциски надзор во животната средина

1. Назив на Министерството: Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)

2. Проблем: Спроведување на инспекциски надзор во животната средина без соодветна координација на централната и локалната власт, како и непостоење на механизам со кој ќе се следи спроведувањето на инспекцискиот надзор на локално ниво ја доведува во прашање ефикасноста и резултатите од истиот. Спроведувањето на инспекцискиот надзор на овој начин не дава реална слика за спроведувањето и почитувањето на прописите од областа на животната средина од страна на субјектите на надзорот кои се должни истите да ги почитуваат. Отсуството на вакви податоци за исполнетоста на условите дефинирани во прописите за животна средина од страна на субјектите на надзорот се одразува и на понатамошното креирање на политиките во областа на животната средина согласно потребите. Отсуството на сето претходно наведено влијае врз квалитетот на животната средина затоа што на тој начин отсуствуваат и потребните мерки и активности кои е потребно да се преземат за нејзино подобрување.

На ниво на ЕУ инспекцијата за животна средина е уредена со Препорака на Европскиот Парламент и на Советот од 4 април 2001 за обезбедување минимални критериуми за инспекција во животната средина во Земјите членки. Согласно оваа препорака инспекцискиот надзор во најголем дел е уреден во согласност со барањата кои произлегуваат од оваа препорака. Во однос на организацијата на инспекцијата во животната средина од страна на ЕУ во одредени директиви од областа на животната средина конкретно во член 23 од Директивата за индустриски емисии 2010/75/ЕУ како, член 20 од СЕВЕСО III Директивата е уреден начинот на вршење на инспекциски надзор во животната средина и Регулативата 2013/2006 за транспорт на пратките на отпад.

Причини кои се пристапи кон подготовка на Законот за инспекциски надзор во животната средина се следните:

–          Планирањата на инспекцискиот надзор во животната средина не се врши врз основа на повеќегодишно планирање кое ќе биде во согласност со стратешките документи во областа на животната средина односно истиот не го следи остварувањето на приоритетите и целите дефинирани со планските документи од областа на животната средина;

–          Сегашната поставеност на планирањето и следењето на инспекцискиот надзор согласно Законот за инспекциски надзор не се однесува целата територија на Република Северна Македонија односно планирањето кое ќе се врши на централно и локално ниво и кое ќе ги земе предвид сите субјекти на надзорот кои со својата работа влијаат врз животната средина;

–          Доуредување на честотата, начинот на вршење на инспекцискиот надзор и определувањето на инспекциските мерки во областа на животната средина;

–          Заради големиот број на активности кои имаат значително влијание врз животната средина, а кои се во надлежност на локалните овластени инспектори за животна средина, не постои механизам за соработка и контрола со овластените инспектори и согласно тоа преземање на мерки во случај на отсуство на резултати;

–          Отсуство на постојано специјализирано стручно оспособување и усовршување на инспекторите за животна средина.

4. Временска рамка за изготвување на актот:

–          Февруари 2021 година – подготовка на Нацрт на Закон за инспексиски надзор во животната средина и Извештај за проценка на влијанието на регулативата;

–          Мај 2021 година – Објава на Нацрт на Законот и Извештајот за проценка на влијанието на регулативата на веб страницата на МЖСПП и Енер и најава за јавни расправи;

–          Од 20 до 30 јуни 2021 година– организирање на состаноци, јавни расправи, разгледување на доставените забелешки од страна на МЖСПП и работните групи и внесување на доставените забелешки;

–          Јули 2021 година – Објава на Предлог на текстот на Законот и ПВР извештајот и доставување на актот до Владата на Република Северна Македонија на меѓуресорска консултација и усвојување.

5. Засегнати страни:

  1. Органи на државна управа :

–          Министерство за финансии;

–          Секретаријат за законодавство;

–          Министерство за информатичко општество и администрација;

–          Министерство за економија;

–          Mинистерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

–          Министерство транспорт и врски;

–          Министерство за правда;

–          Министерство за локална самоуправа;

–          Инспекциски Совет на Република Северна Македонија.

  1. Единици на локална самоуправа

–          Сите општини;

–          ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа).

  1. Стопански Комори

–          Стопанска Комора на Македонија

–          Стопанска Комора на Северозападна Македонија

–          Сојуз на стопански комори на северозападна Македонија.

  1. Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина и природата.

6. Начин на вклучување на засегната јавност:

–          Објава на предлог- законот за коментирање на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР,

–          Јавна расправа,

–          Барања мислења и состаноци со владини институции, единици на локална самоуправа, невладиниот сектор и бизнис заедницата.

7. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:

www.ener.gov.mk

www.moepp.gov.mk

8. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:

infoeko@moepp.gov.mk

9. Одговорно лице за контакт во министерството:

Весна Индова, раководител на Сектор за ЕУ

E-mail: v.indova@moepp.gov.mk

 

Предлог на Закон за инспекциски надзор во животната средина

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА