„Со посебно задоволство информирам дека на вчерашната седница Владата го усвоиРевидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година“ соопшти Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Овој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран е на ублажувањето на климатските промени.
„Позитивниот аспект од усвојувањето на овој амбициозен Ревидиран национален придонес е засилен со фактот дека истиот го одредува придонесот на државата во реализација на Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот План за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции“ дополнува Нуредини.
Во поднесокот се вградени резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови при што вкупно се анализирани 63 политики и мерки за ублажување во секторите :
- Енергија (вклучително и снабдување со енергија, резиденцијален сектор, неспецифицирани сектори, индустрија и транспорт),
- Земјоделство,
- Шумарство и друга употреба на земјиште,
- Отпад и
- Дополнителни мерки (овозможувачки мерки на мерките за ублажување).
Ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и е целосно усогласен со предлог Националниот план за енергија и клима.
Дополнително, тој е силно поврзан со изработката на Долгорочната Стратегија, за која во моментов Министерството води процес на стратегиска оценка на влијанието на регулативата, како и Законот за климатска акција чија прва работна верзија се финализира.