МК – НИ 097

ШТЕТА ВО ШУМИТЕ ОД БЕСПРАВНА СЕЧА logo-re
Дефиниција

Показателот ја покажува вкупната штета во шумите направена од бесправна сеча, по години, на ниво на држава и по статистички региони изразена во m3дрвна маса.Бесправна сеча е секоја сеча која во државните шуми се врши без одобрение од надлежните органи.

Единици
  • m3 и %.
Клучно прашање за креирање на политиката

Каков е трендот на штетата направена во шумите со бесправна сеча?

Клучна порака

Штетата во шумите направена од бесправна сеча во периодот од 2010 до 2021 година се зголемила 2,5 пати. Во разгледуваниот период бележипроменлив тренд на намалување и зголемување. Штетата во 2010 година била најмала и изнесувала 11.557 м3 за да го достигне пикот во 2019 година, со вкупна исечена дрвна маса од 45.795 м3.Во 2021 во однос на 2020 година има намалување за 0,6 пати на количеството на бесправна сеча.

Разгледувајќи по удел на штета во шумите од бесправна сеча по региони, во вкупната сеча на ниво на држава, најмногу штета се забележува во Скопскиот регион, со удел кој се движи помеѓу 28,4% (2011) и 80,8% (2016), по кој следува Пелагонискиот регион. Во 2021 година, најголем удел во вкупната сеча на ниво на држава, 52%, се забележува во Скопскиот регион, а најмал во Североисточниот регион, 0,3%.

Најголем пад во 2021 година, во однос на годината кога количината на бесправно исечена дрвна маса била најголема, има во Вардарскиот (99,7%), Североисточниот (98,5%) и Полошкиот регион (72%).

График 1. Вкупна штета во шумите од бесправна сеча, по годиниCSI 097 BespravnaSeca MK 2022_g1

 

 

График 2. Удел на штета во шумите од бесправна сеча по региони, во вкупната сеча на ниво на државаCSI 097 BespravnaSeca MK 2022_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Шумите, како богатство од општ интерес во Република Северна Македонија уживаат посебна заштита и без оглед на сопственоста и намената иамат повеќекратни функции: производна(производство на дрво и други производи од шумата), заштитна(заштита на земјиштетои објектите од ерозија,порои и поплави) и општокорисна функција(кои се во насока на одржлив развој и унапредување на животна средина). Со цел да се одвива непречено производство, а без притоа да се наруши заштитната и општокорисната функција на шумите особено е значајно да се спроведат мерки и активности за зачувување на здравствената состојба и виталност на шумите од противправно присвојување и користење, бесправни сечи, пожари, растителни болести и штетници и други оштетувања.

Штетата во шумите направена од бесправна сеча во периодот од 2010 до 2021 година се зголемила 2,5 пати. Во разгледуваниот период бележипроменлив тренд на намалување и зголемување.

Од графикот 1 може да се види дека штетата во 2010 година била најмала и изнесувала 11.557 м3 за да наредната година бележи раст од над 100% достигнувајќи 25.189 м3. Потоа, до 2018 година, количината на бесправно исечена дрвна маса има променлив тред на зголемување и намалување, за да го достигне пикот во 2019 година, со пораст за 88,3%, во однос на 2018 година.Во 2021 во однос на 2020 година има намалување за 0,6 пати на количеството на бесправна сеча. Разгледувајќи по удел на штета во шумите од бесправна сеча по региони, во вкупната сеча на ниво на држава, најмногу штета се забележува во Скопскиот регион, со удел кој се движи помеѓу 28,4% (2011) и 80,8% (2016), по кој следува Пелагонискиот регион. Во 2021 година, најголем удел во вкупната сеча на ниво на држава, 52%, се забележува во Скопскиот регион, а најмал во Североисточниот регион, 0,3%.

Најголем пад во 2021 година, во однос на годината кога количината на бесправно исечена дрвна маса била најголема, има во Вардарскиот (99,7%), Североисточниот (98,5%) и Полошкиот регион (72%).

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Показателите се добиваат од извештајните единици кои ги доставуваат со редовните статистички извештаи, со книговодствена евиденција, а се врз основа на посебните планови за стопанисување на шумите.

Цели

Намалување наштета во шумите направена од бесправна сеча.

Обврска за известување
  • нема
Општи мета-податоци
Тема Шумарство Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Почва и користење на земјиште, Земјоделство, Природа,
Код на индикаторот MK НИ097 Временска покриеност 2010-2021
Име на индикаторот Штета во шумите од бесправна сеча Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 26.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта :
k.nikolovska
@moepp.gov.mk
a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 097 Штета во шумите од бесправна сеча EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 15, Indicator 15.1.1 Forest area as a proportion of total land area Eurostat_sdg_15_10 Share of forest area
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  среда ноември 23rd, 2022