УЧЕСТВО НА EЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ ВО БРУТО-ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА |
Учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори, е количник помеѓу вкупната количина на бруто финална произведена енергија од обновливи извори и вкупната количина на бруто финалната произведена енергија од сите извори на енергија и се изразува во проценти.
- проценти
Дали учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија е во пораст?
Политиките во секторот енергија треба да фаворизираат мерки за зголемување на учеството на обновливите извори (хидроенергија, ветерна енергија, соларна енергија, енергија од отпад и др.) во бруто-производството на електрична енергија.
Во 2005 година уделот на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија изнесуваше 21,5% додека во 2020 година е 27,6% што претставува одреденнапредок во зголемување на учеството на обновливите извори во бруто-производството на електрична енергија. Во однос на овој индикатор, во 2020 година, споредено со 2017 година која е земена за референтна година уделот е малку зголемен, додека во однос на 2019 година се забележува зголемување на уделот од 22,9% на 27,6%.
Во однос на постигнување на целта од Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година во Република Северна Македонија за учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори имајќи ги предвид податоците од 2020 година, а споредено со референтната 2017 година, може да се заклучи дека постои одреден напредок кон постигнување на целта.
График 1. Учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија, во проценти (%), во периодот 2005-2020 година
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Трендот на учество на обновливите извори во бруто-производството на електрична енергија, во проценти (%), во целиот период 2005-2020 година е променлив и претставува однос помеѓу вкупното производство на електрична енергија од хидроцентралите, малите хидроцентрали, ветерници, фотонапонски централи, централи на биодизел и биогас, и бруто-производството на електрична енергија од сите извори, земајќи ги тука предвид на прво место термоелектраните, РЕК Битола и РЕК Осломеј.
При тоа, треба да се напомене, дека во целиот разгледуван период 2005-2020 година убедливо најголем удел во произведената електрична енергија од обновливи извори имаат хидроцентралите, заради што уделот на произведената електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори, генерално зависи од хидролошката состојба на акумулациите за производство на електрична енергија, односно од тоа дали одредена година е сушна или не. Од тие причини се забележува, и се очекува во иднина, овој удел да се менува, понекогаш и значително, од година во година.
Во 2005 година уделот на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија изнесуваше 21,5% додека во 2020 година е 27,6% што претставува одреден пораст на учеството на обновливите извори во бруто-производството на електрична енергија.
Во однос на овој индикатор во 2020 година, споредено со 2019 година се гледа одредено зголемување на уделот на произведена електрична енергија од обновливи извори од 22,9 на 27,6%, додека споредено со 2017 година која е земена за референтна година уделот е малку зголемен. Ова покажува дека во 2020 година има одредено зголемување на уделот на произведена електрична енергија од обновливи извори во однос на претходната 2019 година.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Статистичка методологија за пресметка:
- Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
- „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
Во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година во однос на учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори зацртани се следните цели:
Кај сите три сценарија од стратегијата (референтно сценарио, умерена транзиција и зелено сценарио) до 2040 се проценува значителен пораст на учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори при што како референтна година во однос на која се врши проценката на трендот за овој индикатор, кај сите три сценарија, е земена 2017 година.
Во референтното сценарио севкупниот пораст на учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори се проценува на 429% ( + 5,5 TWh) земајќи ја предвид апсолутната вредност на произведена електрична енергија од ОИЕ изразена во TWh.
Во сценариото на Умерена Транзиција севкупниот пораст на учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори се проценува на 447% (+ 5,7 TWh) земајќи ја предвид апсолутната вредност на произведена електрична енергија од ОИЕ изразена во TWh.
Во зеленото сценарио севкупниот раст на учеството на произведена електрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија од сите извори се проценува на 536% (+ 6,8 TWh) земајќи ја предвид апсолутната вредност на произведена електрична енергија од ОИЕ изразена во TWh.
Забелешка: Слика 3.11 од Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година.
- Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Тема | Енергија | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 077 | Временска покриеност | 2005-2020 |
Име на индикаторот | Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто производството на електрична енергија | Извор на податоци | Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | Д | Датум на последна верзија | 06.09.2022 година |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Павле Малков |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk |
МК НИ 077 Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто производството на електрична енергија | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-353, ENER 038 – Overview of the electricity production and use in Europe |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 75 – Overview of the electricity production and use in Europe | |
SDG – Цели за одржлив развој | 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all, 12 – Responsible consumption and production |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |