Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, оствари работна средба со шведскиот амбасадор Н.Е. Матс Стaфансон и неговиот заменик Александер Мојсијук.
На состанокот се разговараше за состојбите во заштитата на животната средина и беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и реализирање на идни заеднички проекти на владите на Македонија и Шведска. Особен интерес беше пројавен за развој на регионалната соработка и во областите вода, воздух и отпад.