СТАТИСТИКА ЗА ОПШТИНИ КОИ ДОСТАВУВААТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД |
Индикаторот прикажува статистички податоци за доставените извештаи од општините. Го прикажува бројот на доставени извештаи по години, процентуалната исполнетост на доставените извештаи за постапување со отпад од општините по години од вкупниот број на општини како ипо процент на извештаи во однос на фреквенцијата на известување.
- број, процент (%)
Каков е прогресот во доставувањето редовни извештаи за отпад од страна на општините според националното законодавство?
Од вкупно 81 општина која има обврска за доставување извештаи во просек годишно се доставуваат по 24 извештаи или само 29,3% општини доставуваат. Почнувајќи од 2013 па се до 2021 година трендот на доставувањето на извештаите по години има тренд на намалување, со пик во 2016 година. Исто така голем процент на општините континуирано не ја исполнуваат обврската за годишна достава на извештаите, односно 49% од вкупниот број на општини, ниту еднаш не доставиле извештај.
Табела 1: Вкупен број на доставени извештаи по година
Година | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
Број на доставени извештаи | 26 | 25 | 30 | 34 | 21 | 24 | 10 | 21 | 23 |
График 1. Процент на доставени извештаи од општините по фреквенција на известување
График 2. Процент на доставени извештаи од општините по години
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Единици на локална самоуправа, Министерство за животна средина и просторно планирање – Сектор отпад
Согласно Националниот акционен план за животна средина една од предвидените цели е воспоставување на интегрирано управување со отпад и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад кое во еден дел ќе биде изразено преку процент на население покриено со организирано собирање и одлагање на отпад. Моментално само околу 70% од населението е опфатено со организирано собирање на комунален отпад, а само 10% од населението од руралните населби е опфатено во оваа бројка.
Општините исто така имаат обврска за донесување на План за управување со отпад на општината и градот Скопје кој се заснова на Националниот план за управување со отпад, кој се носи за период не помал од три години и не подолг од шест години
Преку направената статистика за општини кои доставуваат извештај за отпад може да се увиди ажурноста на општините кои водат сметка за исполнување на законската обврска. Со анализа на извештаите, службите на МЖСПП добиваат слика за количината на собраниот, транспортираниот и отстранетиот комунален отпад.
Преку редовна достава на извештаите од општините ќе се креира појасна слика за опфатеното население и за постоечката состојба во врска со управувањето на отпадот од општините и со тоа ќе се увиди трендот на управувањето со комуналниот отпад и во која насока се движи истиот.
Од вкупно 81 општина која има обврска за доставување извештаи во просек годишно се доставуваат по 24 извештаи или само 29,3% општини доставуваат. Почнувајќи од 2013 па се до 2020 година трендот на доставувањето на извештаите по години има тренд на намалување, со пик во 2016 година. Исто така голем процент на општините континуирано не ја исполнуваат обврската за годишна достава на извештаите, односно 49% од вкупниот број на општини, ниту еднаш не доставиле извештај.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Пресметката на индикаторот е направена од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање, врз база на информациите и податоците кои се добиваат од Секторот за отпад при МЖСПП од Годишните извештаи за постапување со отпад доставени согласно одредбите од Правилниникот за формата и содржината на дневникот за евиденција за постапување со отпад, формата и содржината на формуларите за идентификација и транспорт на отпадот и формата и содржината на обрасците за годишни извештаи за постапување со отпад.
Цел на овој индикатор е согласно Законот за отпад исполнување на обврската од страна на општините за годишно доставување на извештаите.
- нема
Тема | Инструменти за политиките на животната средина | Поврзаност со други теми/сектори | Отпад |
Код на индикаторот | MK НИ089 | Временска покриеност | 2013 – 2021 |
Име на индикаторот | Статистика за општини кои доставуваат извештај за постапување со отпад | Извор на податоци | Единици за локална самоуправа, Министерство за животна средина и просторно планирање |
Класификација по ДПСИР | С | Датум на последна верзија12.09.2022 | |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Катерина Николовска Ана Димишкова |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk A.Dimiskova@moepp.gov.mk |
МК НИ 089 Статистика за општини кои доставуваат извештај за постапување со отпад | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 11. Make cities and human settlements inclusive, safe, resilient and sustainable | |
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |