MK – НИ 085

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОДАТОЦИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА smajli 1 strelki r
Дефиниција

Индикаторот го прикажува процентот на успешност (учинок) и рангирањето за Основниот проток на податоци, односно редовното годишно известување и доставување на податоци и информации од повеќе медиуми во животната средина, до Европската агенција за животна средина.

Единици
  • Процент (%)
Клучно прашање

Дали се обезбедува одржливост на процесот на известување со податоци и информации за животната средина кон ЕЕА?

Клучна порака

Во последните две години Република Северна Македонија ја постигна целта за остварување на 100% учинок во доставувањето за Основниот проток на податоци.

Сепак, поради целта за зачленување во Европската Унија, а со тоа и континуираното подигнување на стандардите и барањата од страна на ЕУ и ЕЕА, останува предизвикот на одржливост на институциите во однос на исполнувањето на новите обврки за известување. Одржливоста на институционалните капацитети и националните мониторинг системи зависи од одлуките на највисоко централно ниво и претставува процес на планирање и усогласување на националните приоритети во животната средина со стандардите на Европската Унија.

График 1. Известување за приоритетен проток на податоци – ниво на комплетност, учинокCSI 085 IzvestuvanjeZaPodatoci MK 2022_g1

 

График 2. Известување за приоритетен проток на податоци по земји – 2021 годинаCSI 085 IzvestuvanjeZaPodatoci MK 2022_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Европска агенција за животна средина

Оценка

Од почетокот на соработката на Република Северна Македонија со Европската агенција за животна средина, земјата има континуирано унапредување и успех во известувањето со податоци и информации за Основниот проток на податоци. При првото исвестување во 2000 година, успешноста била проценета на 29%, за во 2018, 2019, 2020 и 2021 да биде забележан максимален учинок од 100% од бараните податоци за повеќе медиуми во животната средина. Овој максимален учинок е постигнат и покрај недоволните капацитети на националните системи за мониторинг во животната средина и покрај ограничените инститиционални, човечки и финансиски ресурси.

Иако во периодот од 2006 до 2012 се испратени податоци за сите оценувани медиуми во животната средина, забележан е пад во учинокот од 15,38% поради зголемениот обем на критериуми со кои се оценуваат доставените податоци. Тоа значи дека за одредени медиуми во животната средина, институциите немале доволно капацитети за да обезбедат соодветни податоци во согласност со дополнителните критериуми при оценувањето.

Споредено со просекот на земјите од Западен Балкан и покрај институционалните предизвици, Република Северна Македонија, во целиот разгледуван период има подобар успех од сите земји. За периодот од 2000 до 2019 година, разликата помеѓу просекот на земјите од Западен Балкан и учинокот во доставувањето за Основниот проток на податоци се движи во ранг од минимум 10% во 2012 година до 35% во 2007 година.

Можеме да забележиме дека нашиот променлив тренд на учинокот при известувањето кон ЕЕА, а за 2002, 2006, 2018 и 2019 со учинок оценет над просекот на земјите членки на ЕЕА, за жал во некои години бележи пад со поголеми отстапувања, како на пример во годините 2000, 2003, 2004, 2010, 2011 и 2012. Во сите останати години, учинокот на Република Северна Македонија е блиску до просекот на земјите членки на ЕЕА.

Иако сеуште само земја соработничка со ЕЕА, важно е да се укаже на успехот кој што се постигнува во однос на индивидуалните земји членки на ЕЕА (односно Европската Унија) при што се забележува поголем успех на Северна Македонија во однос на земји како Италија, Белгија, Грција, Лихтенштајн, Чешка, Шпанија, Португалија и други, Слика 2.

Одржливоста на институционалните капацитети и националните мониторинг системи зависи од одлуките на највисоко централно ниво и претставува процес на планирање и усогласување на националните приоритети во животната средина со стандардите на Европската Унија.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата за пресметка на успешноста при процесот на известување е направена од страна на ЕЕА, а податоците користени за приказ на овој индикатор се превземени од официјалното објавување на рангирањето на земјите од страна на ЕЕА.

Цели

Да се постигне 100% исполнување на обврските кон Европската агенција за животна средина.

Обврска за известување
  • Годишно до Европската агенција за животна средина
Мета-податоци
Тема Инструменти за политиките на животната средина Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски Промени, Вода, Природа, Бучава
Код на индикаторот MK НИ 085 Временска покриеност 2000-2021
Име на индикаторот Известување за податоци за животната средина Извор на податоци Европска агенција за животна средина
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 30.08.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Ристо Јордановски
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
R.Jordanovski@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 085 Известување за податоци за животната средина EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој нема еквивалент
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
Последна измена:  понеделник ноември 28th, 2022