ВОДОСТОЈ НА ПРИРОДНИ ЕЗЕРА |
Индикаторот го следи водостојот на трите природни езера, Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро.
- Средногодишен водостој изразен во мнм.
Дали е потребно да се превземат активности со цел очувување на природните езера?
Водостојот на трите природни eзера е со непроменливтренд. Охридско и Дојранско Езеро се со средногодишен водостој повисок од нулата котаво разгледуваниот период, додека Преспанско Езеро е со континуирано понизок средногодишен водостој од нулата кота.
График 1. Водостој на Охридско Езеро
График 2. Водостој на Преспанско Езеро
График 3. Водостој на Дојранско Езеро
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Управа за хидрометеоролочки работи-УХМР.
Нулатата кота на Охридско Езеро е на 693,17mnm.Во разгледуваниот период водостојот на езерото е на средногодишно ниво во континуитет повисок од нулатата кота. Најголема отстапка е забележана во 2013 година, кога средногодошното ниво е на 693,61mnm, односно за 0,44m повисоко, додека најнизок водостој е забележан 2017 година, кога средногодишното ниво е на 693,27mnm, односно е за 0,10m над нулта кота.
Нулатата кота на Преспанско Езеро е на 847,60mnm.Во разгледуваниот период, водостојот на езерото, е на средногодишно ниво во континуитет понизок од нулатата кота. Наjмала отстапка е забележана во 2013 година, кога средногодишното ниво е на 844,56mnm, односно за 3,07m пониско, додека најголемо отстапување од нултата кота е забележано во 2020 година, кога средногодишното ниво е на 842,65mnm, односно е за 4,95m под нулта кота.
Нулатата кота на Дојранско Езеро е на 144,93mnm.Во разгледуваниот период водостојот на езерото е на средногодишно ниво во континуитет повисок од нулатата кота. Најголема отстапка се забележани во 2019 и 2020 година, кога средногодошното ниво е на 147,03mnm, односно за 2.10m повисоко, додека најнизок водостој е забележан 2014 година, кога средногодишното ниво е на 145,13mnm, односно е за 0,20m над нулта кота.
На почетокот на 2022 година пумпите преку кој Дојранското езеро се дополнува со вода се исклучени.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Се прави споредба на средногодишните водостој со нулата кота одредена за секое од трите езера врз основа на податоците добиени од Управата за хидрометеоролошки работи.
Обезбедување на здрав екосистем.
- Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нa WISE – SoE Water Quantity
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Тема | Вода | Поврзаност со други теми/сектори | Климатски промени, Земјоделство, Енергија |
Код на индикаторот | MK НИ 023 | Временска покриеност | 2013-2021 |
Име на индикаторот | Водостој на природни езера | Извор на податоци | Управа за хидрометеоролошки работи-УХМР |
Класификација по ДПСИР | С | Датум на последна верзија | 30.09.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Ивица Тасиќ |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | i.tasik@moepp.gov.mk |
МК НИ 023 Водостој на природни езера | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |