Одржан воведен состанок за еколошки коридори

avrupanin-ekolojik-kopruleri-turkiyeden-gidecekСо цел да им се помогне на релевантните државни органи во подобрување на поврзаноста на заштитените подрачја, националната политика и капацитетите за управувањето со еколошките коридори на дивите животни во државава, со воведен онлајн настан се одбележа почетокот  на имплементацијата на проектната активност „Два пилот коридори од предложените во Националната еколошка мрежа (МАК – НЕН), избрани за унапредување и тестирање на специфични мерки, кои вклучуваат локални засегнати страни, за управување и реставрација на шуми со високи природни вредности и други живеалишта“.

На отварањето на настанот се обрати директорот на Управа за животна средина Хисен Џемаили кој истакна дека еден од најважните столбови за воспоставување на зелена инфраструктура и еколошки коридори е Европскиот Зелендоговор, кој Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија треба да го имплементира заедно со Европската Стратегија за биолошка разновидност до 2030 и еколошката мрежа Натура 2000.

bridges-for-animals-around-the-world-fb3__700-pngЧовековите активности како што се урбанизација, интензивно шумарство земјоделство, производство на енергија од водни ресурси, транспорт, туризам, инфраструктурна поврзаност и слично вршат голем притисок врз природата и предизвикуваат фрагментација на природните живеалишта, што претставува голема закана за биолошката разновидност.

Воспоставувањето на еколошки мрежи и еколошки коридори, како нов модел и инструмент на зачувување на природните живеалишта и биолошката разновидност, се смета за една од најефикасните мерки за нивна заштита, истовремено овозможувајќи одржливо користење на природата и развој на државата.

Активноста се реализира во рамки  ГЕФ/УНЕП проектот: “Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето” (СТАР 5), Компонента 2 – Зголемување на ефикасноста на управувањето со биолошката разновидност, а се имплементира од консултантската фирма Деконс ЕМА – Скопје, а краен корисник на резултатите е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Брошура