Општините Берово и Пехчево иницираа прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”

Денеска во просториите на oпштина Берово, се одржа состанок на инволвираните страни во врска со иницијатива на двете општини Берово и Пехчево, за прогласување на заштитено подрчје ,,Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина. Во присуство на државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, стручните лизца од МЖСПП, градоначалниците Берово и а Пехчево, како и на претставници од ПЗП Фармахем и од Македонско еколошко друштво, се разговараше за условите под кои овој предел може да се прогласи за заштитено подрачје и за начинот на управување со истиот, согласно постоечките стратегии и законски прописи.

Заеднички беше ставот дека е потребно активно вклучување на сите чинители и  инволвирани страни, со цел да се изнајде најприфатливото решение за локалното население, а од друга страна ќе биде од големо значење за општините Берово и Пехчево, со единствена цел зачувување и успешно управување со природните богатства од регионот.

.