Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес имаше состанок со директорот задолжен за Западен Балкан на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на ЕУ, Геновева Руиз Калавера. На средбата присуствуваа и Никола Бертолини раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ и амбасадорката Агнеса Руси Поповска шеф на Мисијата на РСМ во ЕУ.
Директорката Калавера изрази задовослтво од соработката со Република Северна Македонија и надеж дека преговарачкиот процес за нашата држава наскоро ќе биде отворен. При тоа, се надева на добра соработка со МЖСПП и другите институции во спроведување на Зелената агенда на ЕУ во регионот.
Министерот Нуредини информираше за статусот на имплементација на ИПА 2 Програмата, а се разговараше и за тоа како да се забрза процесот на имплементација и степенот на искористување на ИПА фондовите во животната средина, особено на големите инфраструктурни проекти. Во таа насока Бертолини ја потврди подготвеноста на ЕУ како најголем донатор во Република Северна Македонија, за поддршка и помош во подобрување на националните капацитети за пристап до европските фондови.
При тоа се акцентираше важноста во процесот на програмирање на ИПА 3 Програмата да бидат предложени зрели проекти кои ќе можат да почнат со имплементацијата веднаш по отварање на Програмата.