ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на Нацрт план за управување со Национален парк Галичица за периодот 2021 – 2030 и Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Нацрт-Планот

Министерство за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека:

Нацрт план за управување со Национален парк Галичица за периодот 2021 – 2030 е достапен за увид на линкот: https://arhiva.moepp.gov.mk/?page_id=3194

Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Нацрт-Планот е достапен за увид на линкот: https://bit.ly/3jzcVHr

Вашите забелешки или предлози може да ги доставите на следните контакти адреси:

Јавна установа Национален парк Галичица   galicica@galicica.org.mk адреса: ул. Велестовски Пат бб. Охрид, и копија до Министерство за животна средина и просторно планирање, infoeko@moepp.gov.mk   адреса: плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје.

Канцеларија за комуникација со јавноста при МЖСПП