Денес заменик министерката Христина Оџаклиеска оствари средба со градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски. На состанокот се разговараше за потребата од зајакнување на општинските капацитети и соработката помеѓу локалната и централната власт со цел доследно да се исполнат законските обврски за заштита на животната средина.
Постигнат е напредок во воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад и искористувањето на обновливите извори на енергија.